Friday, November 20, 2015

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМИТЕ 
  1. ИМА ПЕТ ЦАРСТВА


  • ЦАРСТВО НА БАКТЕРИИ
  • ЦАРСТВО НА ПРАЖИВОТНИ И АЛГИ
  • ЦАРСТВО НА ГАБИ
  • ЦАРСТВО НА РАСТЕНИЈА
  • ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИ

Thursday, November 19, 2015

ЦАРСТВО НА БАКТЕРИИ (МОНЕРИ)
Бактериите немаат вистинско јадро. Бактериите имаат низа од гени во вид на ланче и се наоѓа во цитоплазмата. Бактериите се најситните и најстарите едноклеточни организми и ја населуваат целата планета. Можат само да се видат под микроскоп и затоа се наречени микроорганизми. Бактериската клетка е помала растителната и животинската клетка.
Постојат:

  1. Стапчести бактерии со трепки
  2. Стапчести бактерии
  3. Топчести бактерии во низи
  4. Спирални бактерии


ЦАРСТВО НА ГАБИ
Габите се исхрануваат со готова органска храна. Габите се  познати како печурки.Тие се  изградени од хифи. Хифите се долги клетки. Имаат клеточен ѕид а, јадрото им е сместено во цитоплазмата. Габите според исхрана спаѓаат во разградувачи. Габите се размножуваат со спори.Човекот ги користи габите во исхраната.
На сликата можете да ја видите габата.
ЦАРСТВО НА ПРАЖИВОТНИ И АЛГИ
Праживотните се едноклеточни организми и живеат во вода. Во праживотни спаѓаат:
  1. Еуглена
  2. Амеба
  3. Паранециум
Малку се поголеми од бактериите. Бидејќи се едноклеточни имаат органи кои ги извршуваат животните процеси.
Алгите содржат хлорофил и вршат фотосинтеза и според особината тие личат на растенијата.Алгите се многу разновидни. Повеќеклеточните можат да бидат кончести и разгранети. Според бојата можат да бидат: црвена, жолта, зелена, златна-жолта и кафена. Тие живеат во морињата, езерата, бари...                      
                                                                                   На ова видео можете да ја видите еуглената
.
На ова видео можете да ја видите амебата
ЦАРСТВО НА РАСТЕНИЈА
Постојат над 350000 видови на ратсенија. Се среќаваат и џиновски растенија. Некои од растенијата се лековити, пријатен мирис, непријатен мирис...
Растенијата според градбата се делат на:
  • Бесемени растенија
  • Семени растенија


БЕСЕМЕНИ РАСТЕНИЈА
Во бесемните растенија спаѓаат мововите и папратите.Се размножуваат со спори. Бесемените растенија се најпросто изградени.

МОВОВИ
Мововите се присутни само во присуство на вода. Ги има на рабовите на шумите. Немаат вистински органи и ткиво. Се размножуваат со спори. Спори се мали топчести телца.

ПАПРАТИ
Папратите исто така ги има на рабовите на шумите. Тие имаат вистински органи и подземно ткиво.

СЕМЕНИ РАСТЕНИЈА
Скриеносемените растенија се размножуваат со семка. Во никулецот се наоѓа семката. Покрај никулецот, и семката има резервна храна. Скриеносемените растенија се делат на:
  • Голосемени растенија
  • Скриеносемени растенија
ГОЛОСЕМЕНИ РАСТЕНИЈА
Голосемените растенија се познати и како иглоисни растенија. Така се нарачени поради нивните листови  во вид на иглички. Во голосмените растенија спаѓаат дрвата: Бор, ела, смрека и други. Се размножуваат со машка шишарка и женска шишарка. Женските шишарки се поголеми од машките шишарки.

СКРИЕНОСЕМЕНИ РАСТЕНИЈА
Скриеносемените растенија се разновидни. Има 250000 видови. Семката е заштитена со плод. Скриеносемените растенија добро се приспособуваат кон условите за живот. Водат потекло од Инсектите. Скриеносемените растенија се групирани во 2 групи:

  • Монокотиледони

Со монокотиделите се исхрануваат луѓето и домашните животни затоа што нивните семки се богати со шекери.

  • Дикотиледони

Дикотиледоните се најубавите цветни растенија и имаат две семени ливчиња.
                                                                 ДИКОТИЛЕДОНИ




Wednesday, November 18, 2015

СЕЗОНСКИ ПРОМЕНИ
Во нашите предели се сличуваат сезонски промени во текот  на четирите годишни времиња ( пролет, лето, есен, зима ). Некои од растенијата во есен ја менуваат бојата на листовите од зелена до црвеникава од портокалова до жолта а потоа листовите им паѓаат. Тие се наречени ЛИСТОПАДНИ РАСТЕНИЈА. Кај други растенија листовите не ја менуват бојата и не паѓаат листовите во зима. Тие се наречени ЗИМЗЕЛЕНИ РАСТЕНИЈА.


Во едоклеточните организми како што е амебата само една единствена клетка ги врши сите животни функции. Едноклеточните организми се најстарите жители на Земјата. Најголемите клетки се изградени од милион клетки.
  • Ткиво е збир од клетки со слична градба и форма и со иста функција.
  • Збир од ткива со слична градба и форма и со иста функција е орган.
  • Сите органи го сочинуваат органскиот систем.
  • Корен, стебло, лист- ВЕГЕТАТИВНИ.Служи за растење и развиток на растенијето.
  • Семе, плод, цвет- ГЕНЕРАТИВНИ.Служи за давање на нови генерации.


КЛЕТКА Е основна, градбена, функционална единка од која се составени сите живи организми.
Постојат два вида на клетки:

Основни делови на клетката се:
  •  Јадро-Клеточен центар на клетката
  • Цитоплазма-Полутечна материја што ја исполнува внатрешноста на клетката.
  • Клеточна мембрана-Контролира што влегува а, што излегува од клетката.

Основните делови ги има кај животинската клетка а, ги има и кај растителната клетка но, растителната клетка има и други делови тоа се:
  • Вакуола-Торбичка исполнета со клеточена течност- КЛЕТОЧЕН  СОК
  • Скромни зрна-Складирана храна
  • Хлоропласти-Во хлоропластите има хлорофил-ЗЕЛЕНА МАТЕРИЈА
  • Клеточен ѕид-Ја заштитува клетката
  • Пори-Мали дупчиња што се наоѓаат на клеточниот ѕид 

Размена на материите е кога помеѓу растението и средината прават размена на материи.
Растенијата се размножуваат со делба на клетка.



Прво се дели јадрото на два дела. Тие два дела се наречени келтки-ЌЕРКИ. Тие се помали од клетката мајка но, кога тие постепено растат ја зголемуваат својата големина и стануваат поголеми од клетката-МАЈКА.







БИОЛОГИЈА е експериментална наука што ги проучува живите организми и нивната животна средина.
Сите организми се одликуваат со нивната клеточна градба и животните процеси (дишење, движење, исхрана, осетливост, излачување, растење, размножување). 
  

  •        Исхрана –Животните мора секојдневно да се хранат за да можат да растат. Истотака и растенијата се хранат како и животните. Растенијата се нарекуваат  ПРОИЗВЕДУВАЧИ затоа што растенијата произведуваат храна а, животните се нарекуваат  ПОТРОШУВАЧИ затоа што тие не произведуваат храна туку животните ја трошат храната.




  • Движење-Животните се движат за да бараат храна и живеалиште а, растенијата се движат со телото накај сонцето. 
       

  •      Дишење-Помеѓу Организмот и средината се врши размена на гасови. Примаме           кислород  а, издишуваме јаглерод  диоксид. Примениот кислород се претвара во енергија за да можеме да извршуваме различни животни функции.
  • Осетливост на дразби-Ние различно ги осеќаме дразбите. Дразбата ја примаме од надворешната средина .
  • Растење и развиток-Кај организмите растењето се приметува со тоа што се забележува висината и тежината.
  • Размножување-Размножувањето кај растенијата може да биде:


  1. Полово –Кога ке се спојат машка и женска полова клетка
  2. Бесполово-Кога растат делови на растенијето: листови, гранки и др.